(Видео) Прв пораз за Јувентус – Старата дама повторно пациенти кај Гранде Пандев во Џенова

0
752

Гранде Пандев повторно го сруши Јувентус, откако за само 20 минути колку што играше на мечот Џенова-Јувентус, го реши победникот на натпреварот.

Нашиот Горан Пандев го постигна вториот гол и го реши натпреварот Џенова – Јувентус во Серија А, кој заврши со 2:0 за Џенова.

Горан Пандев често пати во кариерата знаел да одигра маестрално против „старата дама“, а така беше и вчера.

Голот на Пандев против Јувентус беше трет за него оваа сезона во италијанското првенство.

Италијаните ја слават мајсторијата на Пандев, ja славиме и ние….

Коментирај