ВИДЕО: Потресна исповед на медицинска сестра во Шпанија – Ќе се поздравам со децата, не знам кога ќе ги видам пак!

0
421

Шпанија е едно од најголемите жаришта на Корона вирусот во Европа. Таму во изминатите 24 часа беа регистрирани рекорден број на починати лица – вкупно 769.

Азра Добојлиќ е медицинска сестра која живее и работи во Шпанија, поточно во Палма де Мајорка. Таа во утринската програма на БХРТ теевизија упати потресна порака до сите граѓани да се придржуваат на препораките од надлежните институции и да останат дома.

Медицинските лица немаат доволно средства. Маски се шијат по дома, а наместо специјални мантили врзуваат ќесиња за ѓубре околу врат. И ете како се заразуваат здравствените работници. Тоа е незамисливо и тоа медиумите не го објавуваат“, вели Добојлиќ.

Таа додава дека во секој момент очекува повик за работа, истакнувајќи дека ќе мора да се поздрави со нејзините две мали деца, бидејќи као што вели, не знае дали и кога ќе ги види пак.

Вкупниот број на починати лица од коронавирусот во Шпанија се искачи на 4.858, додека заразени се 64.059 лица, што е скок за 14% за разлика од претходниот ден. Моментално на интензивна нега се наоѓаат 4.165, додека излечени се 9.357 лица.

Коментирај