(Видео) Потегот на Фабињо кој го згрози цел фудбалски свет – За ова треба да добие голема казна!

0
572

Ливерпул во дербито на 34. коло од Премиер лигата на Енфилд успеа да го победи Челзи со 2:0, а еден детал од натпреварот ги фрустрираше навивачите на фудбалот низ целиот свет.

По дуелот со Фабињо во првото полувреме, најдобриот играч на Челзи, Азар заврши на тревата. Белгиецот се пожали на повреда, а медицинскиот тим на Плавите влезе на теренот.

Додека лекарите му укажуваа помош на Азар, играчот од средниот ред на Ливерпул пријде и намерно и сочно го исекна носот до неговата глава.

Со овој примитивен потег на фудбалетот на Ливерпул ги разбесни навивачите во Англија. Многумина сметаат дека за ова Фабињо треба да добие забрана за играње до крајот на сезоната.

Останува да се види дали дисциплинскиот комитет ќе реагира и ќе го казни Фабињо.

Коментирај