ВИДЕО: Полицијата не му пишува казна поради неговото име – еве зошто

0
476

Дарт Вејдер не умре во продолжението на Војна на ѕвездите „Враќањето на Џедајот“, тој е добро и живее во Тенеси.

Имено, 39 годишен маж кој се вика Дарт Вејдер Вилијамсон го носи името на ликот од филмската сага уште од 1978, една година откако е прикажан првиот дел од оригиналната трилогија „Војна на ѕвездите“.

Вејдер работи како хируршки техничар во болница во приградскиот дел на Мемфис.

-Кога сум се родил, мојата мајка сакала да ме крсти Џуниор, по мојот татко. Меѓутоа татко ми, кој е голем љубител на Војна на ѕвездите и на ликот Дарт Вејдер мислел дека тоа би било опасно име за синот, изјави Вејдер.

Со оглед на тоа што неговата мајка била под дејство на анестезии по породувањето, едноставно се сложила со оваа идеја. Но потоа, откако Дарт Вејдер Вилијамсон е запишан во книгата на родените, мајката се каела.

Поради своето име, сообраќајната полиција не сакала да му напише казна поради брзо возење, бидејќи службениците кои го застанале биле воодушевени оти тој го носи името на најголемиот негативец во светот.

Коментирај