(Видео) Погоди од паркинг и го однесе тимот во 1/4 финалето на НБА – Луд натпревар нема што!

0
183

Првата ѕвезда на Портланд, Демиен Лилард беше херој на 5-от меч од 1.коло против Оклахома во НБА плејофот.

Лилард прво на 33 секунди до крајот изедначи на 115:115 за потоа да следи вистински делириум во Мода арената.

Вестбрук промаши за Оклахома, останаа 17 секунди за напад на Портланд, а Лилард ја чекаше последната секунда.

Шутираше тројка од ,,паркинг,, имаше сигурно повеќе од 10 метри и погоди за голема победа на Портланд од 118:115 и пласман во полуфиналето на Западната конференција.

Погледнете го овој кош скоро од пола терен…

Коментирај