(Видео) Погледнете како испуштивме цел плен против Исланд – Дали голот требаше да важи?

0
187

Ја имавме победата во рака против Исланд, но и реми ни заврши голема работа во походот кон ЕП 2020 година.

Македонија и Исланд одиграа 24:24 во Скопје, на вториот натпревар во рамките на 4.коло од квалификациите.

Во последните 60 секунди, сепак, се случуваше драмата. Борко Ристовски успеа да одбрани во последната минута, а Кире Лазаров имаше позиција, но неговиот удар заврши со одбрана на Халгримсон.

Тоа се случи за 35 секунди до крајот, а Исланд ја задржа топката до три секунди до крајот кога Џонсон погоди 24:24.

Брестовац побара тајмаут. Македонија постигна гол преку Манасков, но времето истекло, и на крајот двете екипи мораа да се задоволат со реми.

На табелата Македонија и Исланд имаат по 5 бода, Турција има 4, а Грција 2.

Ако ја пропуштивте, погледнете ја последната минута од натпреварот…

Коментирај