ВИДЕО: Погледнете го спотот на RGB за новата песна „Разбуди се“

0
1433

За рок составот Р.Г.Б. нема летен одмор. Тие вчера го промовираа синглот „Разбуди се“. Оваа песна е најава за нивниот деби албум насловен како „Мамурни утра“, кој  е веќе готов и ќе биде промовиран во септември. Ова е нивен втор сингл, по големиот хит „Убаво е“, кој го издадоа во 2015 година.

Составот РГБ е формиран 2014 година. Основачи се Александар Михајловски, Мартин Николовски и Александар Станковски. Во 2015 година покрај нив во групата се приклучуваат и Милош Краљевски и Александар Краљевски.

RGB-Album-mamurni-utra

Периодот до септември членовите на бендот ќе го искористат за досредување на работите околу првиот струдиски албум „Мамурни утра“, кој е снимен и продуциран минатата госина во студиото на Милош Краљевски – „ММ„ во Куманово.

Погледнете го видео записот за новата песна на RGB, „Разбуди се“:

Коментирај