ВИДЕО: По мечот против Прилеп, навивач од „Рибари“ спектакуларно ја запроси својата девојка

0
790

Навивач од навивачката група „Рибари” од Охрид после ракометниот меч против Прилеп, приреди спектакуларно запросување на својата девојка Елена.

Ribari-Ohrid-zaprosuvanje-1

На враќање од спортската сала „Билјанини извори”, тој со помош на своите другари од трибините, со бакли и песна ја запроси својата сакана.

Секако, Елена кажа „ДА”. А од навивачката група им порачаа „Со среќа во заедничкиот живот! Да си дочекате и за млади рибарчиња“

Погледнете како изгледаше запросувањето:

Коментирај