(Видео) Пијаниот Родман фатен во организирана кражба – НБА легендата ги шокираше сите!

0
198

Познатиот поранешен НБА кошаркар, Денис Родман беше во центарот на голем скандал во САД.

Камерите го снимија Родман мортус пијан, со уште неколку луѓе кои се обидуваа да крадат во продавница во Њујорк.

Задачата на Родман беше да го пренасочи вниманието на продавачите додека крадеа “соработниците”.

Непознат човек, наводно, се обидел да купи скулптура, која подоцна “случајно” му паднала. За тоа време, една непозната жена “купуваше” работи од продавницата и се правеше како ништо да не се случува.

rodman stolen

Денис почнал да вика и да ги обвинува вработените за кршењето на скулптурата, а потоа тој и екипажот избегале од продавницата со роба во вредност повеќе од 500 долари.

Вработените дадоа изјава во полицијата дека Родман ужасно мирисал на алкохол, додека неговата ПР служба не сакаше да се огласи поради овој инцидент.

Во следните неколку часа се очекува одговор на надлежните органи, а казната ќе биде бесмилосно голема.

Еве како се случи кражбата….

Коментирај