(ВИДЕО) Пазарџиите со порака до Заев: Освести се, одиме со Мицкоски!

0
152

Пазарџиите од скоро сите скопски пазари, ги заклучија тезгите и излегоа на протест пред Собранието. Извикувајќи „Уа Бектеши“, „Доле Влада, го соголивте народот“ порачаа дека нема да работат, се додека нивниот глас не допре до надлежните и се укине законот со кој се предвидуваат нови давачки за закупците на тезги.

–Ако не се сврти кон народот како што вети Заев, ние ќе се приклучивме кон другите, ќе одиме со Мицкоски, изјави еден од пазарџиите кој протестираше пред Собранието, против новиот закон со кој се предвидува тезгаџиите да платат лиценци.

–Додека беше Бранко на власт ни воведе еден куп давачи , по него дојде Груевски ајде малку го ослободи пазарот, но и тој не го направи она што го вети. Сега ајде му дадовме шанса на Заев кој вети живот, а испадна ист како Бранко. Нема никаква разлика помеѓу неговиот 15-ти септември и животот на Заев, исто е. Затоа ли го гласавме, ова ли е тој план, праша еден тезгаџија кој продава зеленчук на Бит пазар, порача друг пазарџија.

Инаку со законот за пазари кој стапи на сила од 1 јанури 2019-та, се предвидува, пазарџиите да платат лиценца за тезга од 3.600 денари, а доколку закупат втора тезга треба да платат дополнителни 2.400 денари. Според новиот закон, пензионерите, социјалците, стечајците и хонорарците, нема да можат да работат. Лиценците ќе ги издава Стопанската комора на Македонија.

Извор:Курир

Коментирај