(Видео) Падна 10 години стариот рекорд на Фелпс на 200 метри делфин – Тинејџерот од Унгарија Милак е новиот рекордер!

0
151

Унгарецот Криштов Милак е нов рекордер на 200 метри делфин откако го освои златниот медал на СП во Јужна Кореја.

Тинејџерот кој има само 19 години по цели 10 години владеење го урна рекордот на легендарниот американец Мајкл Фелпс во неговата омилена дисциплина.

Милак делницата од 200 метри ја исплива со време од 1:50.73 минути и го подобри рекордот на Мајкл Фелпс од пред 10 години кога Американецот исплива за 1:51.51 минути.

За каков талент се работи, говори фактот што Милак е првиот тинејџер кој станал светски шампион уште од времето на Мајкл Фелпс кој со 18 години победи на трката на 200 метри делфин…

Погледнете го новиот рекордер на 200 метри делфин…

Коментирај