(Видео) Овој играч на Милан не заминува никаде, останува во клубот до 2024 година!

0
320

Еден од најдобрите млади голмани во светот кој е член на Милан и на Италија, Џанлуиџи Донарума ќе го продолжи својот договор со Милан, вели „Кориере Дело Спорт”.

Според информациите, голманот ќе се поврзе со „росонерите” до 2024 година.

Актуелниот договор на Џиџи со клубот од Милано е за уште четири сезони, но играчот има тенденција да го продолжи за уште 1 година.

Во моментов, 20-годишниот голман има плата од 6 милиони евра по сезона, а по потпишувањето на новиот договор, износот ќе се зголеми за еден милион.

Погледнете ги најдобрите одбрани на Џиџи Донарума…

Коментирај