ВИДЕО: Ова е автомобилот „Ѕвер“ на Трамп – Има резерви на крв, кислород и отпорен е на бомби

0
853

Новиот модел ја замени флотата од 12 автомобили кои ги користел сега веќе поранешниот претседателот Барак Обама од 2009 година.

Автомобилот “Cadillac One” познат и како „Ѕвер” ќе го превезува новиот претседател на САД Доналд Трамп, а во јавноста се појави на денот на инаугурацијата, 20 јануари. Неговите карактеристики се, како што истакнуваат експертите, повеќе импресивни од автомобилите на претходните претседатели. Кадилакот ќе биде опремен со оружје и топови кои испукуваат солзавец, а вратата и прозорите на лимузината ќе бидат потполно отпорни на куршуми и хемиски и биолошки напади.

Donald-Tramp-Cadillac-One

Во претседателската лимузина секогаш ќе се наоѓа и шишиња со крв која одговара на крвната група на претседателот, а кои може да се употребат ако дојде од итен случај.

Точните детали не се објавени но се шпекулира дека лимузината ќе биде отпорна и на импровизирани експлозивни направи.Се очекува дека автомобилот ќе биде армиран како воените возила и дека вратата ќе биде толку тешка што претседателот Трамп нема да може да ја затвори од внатре. Лимузината ќе задржи некои од карактеристиките на моменталниот модел кој го сметаат за еден од најбезбедните автомобили на планетата. Во него може да застанат седум лица, а има и скриени резерви на кислород кои ќе го снабдуваат автомобилот со чист воздух, во случај надворешниот воздух да стане токсичен.

Donald-Tramp-Cadillac-One-1

Моделот кој го користел претседателот Барак Обама исто така имал и камери за ноќно снимање, гуми обложени со кевлар, специјална пења која се шрии и спречува да експлодира резервоарот.

На компанијата “General motors” и се платни 15 милиони долари за развој на новите претседателски возила, покажуваат документите.

Коментирај