(Видео) Откриена тајната на Меси: Еве како ги шутира слободните удари!

0
626

Лионел Меси постигна 10 гола од слободни удари во 2018, а до 2008 година тој не ги шутираше!

Слободните удари на Меси денеска се убиствени, а Марка направи анализа за тоа како аргентинецот ја смени техниката на слободните удари во текот на годините, додека не ја најде магичната формула.

Ако ја гледаме само шпанската Примера, неговиот прв гол од слободен удар го постигна во сезоната 2008/2009-та од 13-тиот обид.

Последните две години толку го усоврши слободниот удар во 25-метарската зона од голот на ривалите што за Барса е речиси како пенал.

messi1

Една од главните промени во изведбата на слободниот удар на Меси, направена е во поставувањето на десната нога.

Претходно, неговата нога ја балансираше целата тежина на надворешниот дел на копачката, и поради таа причина тој честопати губеше рамнотежа и прецизност.

Сега целата нога е на тревата и ја дава стабилноста. Не само тоа, исто така ја смени позицијата на горниот дел од телото (рамената и градите му се нанапред).

Со сето тоа, конечното движење на телото не е исто како кај претходните негови слободни удари.

Головите на Меси од слободни удари по сезони:

2004/05: 0 слободни
2005/06: 0 слободни
2006/07: 1 слободен – голови: 0
2007/08: 5 слободни – голови: 0
2008/09: 7 слободни – голови: 1
2009/10: 16 слободни – голови: 2
2010/11: 21 слободни – голови: 1
2011/12: 49 слободни – голови: 3
2012/13: 44 слободни – голови: 3
2013/14: 36 слободни – голови: 3
2014/15: 50 слободни – голови: 2
2015/16: 42 слободни – голови: 4
2016/17: 45 слободни – голови: 2
2017/18: 72 слободни – голови: 7
2018/19: 19 слободни – голови: 4

Коментирај