Уште 3,5 години не делат од стартот на Мундијалот во фудбал, Катар 2022.
Ова СП ќе биде поразлично од сите останати, бидејќи ќе се игра доцна есен и рана зима, токму кога во Катар ќе биде лето и температурите ќе бидат високи.
Требаше натпреварите да се играат на 12 стадиони, па бројката се намали на 9, за да на крај се донесе конечна одлука Мундијалот да се организира на осум стадиони.
Сите стадиони ќе бидат сместени на растојание од само 55 километри, колку што треба да се отпатува од Ал Бајт до стадинот Ал Вакрај, кои се меѓусебно најраздалечини.
Еве на кои стадиони ќе се игра Мундијалот 2022 во Катар, истите се феноменални…
Ал Вакрах – капацитет од 40.000 гледачи (би требало да биде завршен наредната година)
Ал Бајт – капацитет од 60.000 гледачи (би требало да биде отворен до Нова година)
Ал Рајан – капацитет од 40.000 гледачи
Стадион Едукатион Сити – капацитет од 40.000 гледачи
Ал Туман – капацитет од 40.000 гледачи (После Мундијалот капацитетот ќе му биде намален на 20.000 гледачи, би требало да биде завршен до 2020 година)
Стадион Рас Абу Абуд – капацитет од 40.000 гледачи (би требало да биде готово до 2020 година)
Стадион Лусали – капацитет од 80.000 гледачи (би требало да биде готов до 2020 година)
Стадион Калифа – капацитет од 40.000 гледачи (Ова е единствениот стадион кој не е изграден од „нула“)