ВИДЕО: Од Кочанската болница му јавиле дека мајка му починала, па сфатиле дека е жива кога дошле од погpeбалното

0
417

Кочанчанец доживеал вистински пекол кој ја шокира јавноста. Откако Благојче организирал пoгpeб за својата мајка Јаворка за која од Општата болница во Кочани му кажале дека починала, но кога заедно со погребалното дошол да го земе телото, открил дека мајкаму е жива и лежи на Интерното оделение.

Пред два дена на 37 годишниот Благојче Дончев од Кочани, од болницата му соопштиле дека мајка му починала, за после неколку часа да сфатат дека жената е жива. Неговата мајка, Јаворка Дончева е на 58 годишна возраст. Преживеала два мозочни удари и откако здравствената состојбата и се влошила, со итна медицинска помош била пренесена во болницата.

„Ми рекоа, до вечерта бидете спремни, мајка ти нема шанси да преживее. После уште неколку пати ѕвонев, ми велат, мајка ти е почината“, изјави Благојче Дончев, син на Јаворка.

Благојче ги направил сите подготовки за пoгpeбот, купил свеќи, кoвчeг и испечатил нeкpoлози. „Одиме да ја зимаме мајка ми, ниту знаат каде е, ни што е, ни на кое одделение, ништо. Одиме ја бараме, викаат, мајка ти е жива, не е почината. Значи ова е стрес, не знам како да го наречам“, додаде Благојче.

За иронијата да биде уште поголема некој од болницата му препорачал и погребален оператор и му дал визит карта. Бидејќи, Благојче имал пријател кој се занимава со оваа дејност кој во меѓувреме го ангажирал, целата ситуација му станала сомнителна. Откако „клопчето се одмотало“ се дознало дека веќе подолго време од болницата се форсираат одредени погребални оператори.

„Се случи една несакана работа што долго време се очекуваше дека ќе се случи, од тие брзања кој кого да повика, за едно „ало“ колку пари да се земат, што не е добра работа, ниту за луѓето, ниту за здравството, ниту за починатите, ниту пак за нас како конкуренција и оператори“, изјави Силвија Накова, управител на погребално претпријатие „Горица Гиш“-Кочани

Случајот е пријавен во полиција, а од вработените е земено исказ во полициската станица. Од страна на раководството на болницата на Дончев му е сугерирано да покрене приватна тужба. Мајката на Благојче е на интерно одделение и добива медицинска нега.


Извор/Видео: ТВ Сител (Јутјуб)

Коментирај