(Видео) Нов скандал на Конор Мекгрегор – Во бар удри постар гостин во глава!

0
153

Конор Мекгрегор не престанува со своите скандали. Овојпат направи инцидент во локален бар во Даблин, а познатиот портал „ТЗМ“ објави видео.

Ирскиот ММА борец на настанот кој се случил во април оваа година удира постар гостин.

Конор застанал на шанк и почнал да ги части пријателите со пијалок. Но, неговото однесување му пречело на еден од гостите, па му кажал дека нема причина да се однесува така бидејќи „Русинот веќе го нокаутирал“ (Хабиб Нурмагомедов).

Потоа, наводно истиот гостин одбил да го проба вискито кое го пиел Мекгрегор, а тоа кај Ирецот значи – бокс во веѓа.

Можеби ова немаше да биде толку шокирачко доколку не се работеше за повозрасен човек кој имал околу 50-тина години.

Мекгрегор по инцидентот веднаш бил исфрлен од локалот, додека гостинот останал прикован на шанк.

Погледнете што точно се случи…

Коментирај