(ВИДЕО) Незапамтен испад на една од најголемите ѕвезди на женскиот тенис!

0
637

26-годишната чешка тенисерка Каролина Плишкова веќе долго време е една од најголемите тениски ѕвезди и во јули минатата година таа е прва тенисерка во светот, но сепак го чека својот прв Гренд слем турнир.

Се чини дека нивото на фрустрација во неа расте, што можеше да се види оваа недела во Рим, кога незадоволството го изрази во стилот на Мекинро и ја изненади преполната публика.

Инцидентот се случи во средата на натпреварот што го загуби од гркинката Марија Сакари и како причина за поразот таа ја посочи судската одлука на самиот крај на третиот сет во кој грчката тенисерка славеше со резултат 7:5.

Каролина Плишкова беше толку лута што по натпреварот таа не сакаше да и подаде рака на судијата туку со рекетот удираше по столчето на кое седи судијата.

Коментирај