ВИДЕО: Несторовски асистира, Трајковски носи победа за Палермо во Џенова

0
291

Македонското дерби во рамките на 17. коло на Серија А помеѓу Џенова и Палермо на стадионот „Мараси“ во Џенова изостана, а Палермо по загубениот меч во Фиренца пред две недели сега на теренот на Џенова освои три бода во последната минута, 3-4 (1-1). Горан Пандев се најде на клупата за резерви и во игра влезе дури во 92. минута, а Илија Нестороски го предводеше нападот на Палермо. Домаќините почнаа перфектно, бидејќи уште во 4. минута со голот на Џовани Симеоне на додавање на Лука Ригони, екипата на Горан Јуриќ поведе со 1-0.

Џенова имаше неколку можности за втор гол, но пред одморот наместо мрежата на Посавац, се тресеше таа на Перин. Швеѓанецот Куесон беше снаодлив во казнениот простор на домаќините и погоди за 1-1 на додавање на Несторовски.

И почетокот на второто полувреме мина во знакот на домаќините. По акцијата на Ицо, пак Симеоне се најде во вистинскиот момент на вистинското место и ја погоди гостинската мрежа за 2-1. Талентираниот Србин, Никола Нинковиќ во 65. минута ги разреши дилемите околу победникот со ефектен гол 3-1. Не минаа ниту четири минути, а екипата на Корини пак се врати во мечот и со голот на Голданига намали на 3-2.

До крајот имаше неколку мешаници пред голот на домаќините, но резултатот не се менуваше. Кога се чинеше дека поразот е неминивен Рисполи во последната минута херојски израмни за Сицилијанците (3-3). Кога се чинеше дека ремито е конечен резултат, македонскиот тандем Несторовски – Трајковски изведе феноменална акција и заздравениот Трајковски постигна гол за финални 3-4. Перин заработи исклучување во последната минута од натпреварот. Голманот на домаќините го оттурна Несторовски и заработи пат кон соблекувалната.

Александар Трајковски се врати по повредата и ги одигра последните 10 минути за Палермо.

Лацио на „Олимпико“ беше подобар од Фиорентина и ја совлада со 3-1 (2-0) со головите на Кеита во 23. минута и на Лукас Биглиа во последните моменти од првиот дел. Мауро Зарате во 64. минута погоди против својата поранешна екипа за 2-1. Финалните 3-1 ги постави Романецот Раду во судиското надополнување (3-1). Со две победи по поразот во градското дерби, екипата на Симоне Инзаги се искачи на четвртото место. Минувајќи го Милан.

Извор: Гол.мк / Јутјуб

Коментирај