ВИДЕО: Не им кажале да не излегуваат од кола: Гепардите почнаа да го ловат семејството

0
712

Во холандскиот сафари парк Beekse Bergen се случи инцидент во кој за малку ќе настрадаше цело француско семејство, сопругот со сопругата и двете деца, откако тие веројатно одлучија да ги занемарат правилата (или не ги знаеле) да не излегуваат од возилото за време на прошетката низ паркот.

Тие го паркираа автомобилот и излегоа од него за да ги фотографираат гепардите кои лежеа во непосредна близина на местото каде што застанаа – и тоа го направија два пати. Животните одеднаш почнаа да го ловат непослушното семејство, а таа ситуација ја снимија останатите посетители кои се наоѓаа во возилата зад нив.

Извор : taratur.mk

Коментирај