(Видео) НБА ѕвездата нема да игра на СП во Кина – Кои се причините и што прави сега?

0
92

НБА ѕвездата Џејмс Харден моментално е на турнеја низ детски кошаркарски кампови ширум Америка.

Кошаркарот на Хјустон го откажа учеството на Светското првенство во Кина за да се подготви подобро за следната НБА сезона.

Меѓутоа, пред овие подготовки, тој се посветил на децата, поточно, на “иживување” над децата.

Харден ги учи децата на елементарни, но и не само на елементарни потези.

Така, се појави снимка на која се гледа како Харден дрибла едно момче, кое потоа остана без тло под нозете, а потоа Харден забива на општо задоволство на сите присутни.

Коментирај