ВИДЕО: Народот сплотен во одбрана на името, јазикот и идентитетот

0
1868

На Плоштадот Македонија во Скопје се оддржа протест против промената на уставното име на Македонија, во организација на глобалното движење „Ние сме Македонија“ кое порача „Нашето име е наше право“.

На протестот се изразува незадоволство од, како што пишува во најавата, политиките што ги загрозуваат националните интереси на македонскиот народ.

Говорниците пред присутните порачаа дека прашањата за името, за идентитетот, за Уставот, за јазикот, се прашања за кои мора да се има став оти тие создаваат немир.

Бараме да ги прекинете преговорите со посредство на Метју Нимиц и да се обратите до Генералното собрание на ОН, како единствена меѓународна истанца во која Република Македонија е рамноправна членка со сите држави кои ја признаваат под уставното име. Да се стави крај на употребата на референцата и да се донесе резолуција на Генералното собрание на ОН со која на Република Македонија би и се гарантирал непречен прием во меѓународни организации под уставното име, рече актерката Камка Тоциновски, која е поддржувач на движењето.

Учесниците на протестот повикаа на сплотување на нацијата и на создавање вистински национален консензус околу внатрешните приоритети и демократски вредности.

Бараме организирање предвремени парламентарни избори на кои и на македонските граѓани од дијаспората ќе им биде овозможено да бидат претставени според принципот на пропорционалност, рече актерот Страшо Милошевски, кој прочита писмо упатено до власта и до опозицијата кое, рече, го потпишале двесте истакнати личности.

Движењето „Ние сме Македонија” започна во јануари со симболичен собир пред македонската амбасада во Вашингтон каде за првпат беше објавена декларација со која што се бара итен прекин на разговорите за името и поднесување резолуцијата во Генералното собрание на ОН за признавање на уставното име на Република Македонија.

Видеото го објави пратеникот Антонио Милошоски.

Коментирај