ВИДЕО: Народот против предавствата и „Северна“ – Исвиркани делегациите на претседателот и Владата на гробот на Гоце Делчев

0
6287

Почитувачи на делото на идеологот, организатор и водач македонското револуционерно движење, Гоце Делчев денеска во знак на протест ги исвиркаа делегациите на Владата и претседателот на Македонија кои положија цвеќе на гробот на великанот кој е роден на денешен ден пред 148 години.

Свиркањето и погрдните извици кон државните делегации на претседателот и Владата во која беше советникот на култура на Заев Роберт Алаѓозоски се случуваше откако официјалниот спикер најавуваше дека делегациите се од „Северна“.

Коментирај