ВИДЕО: И Нано Ружин ја свитка кичмата како Заев и Димитров „Не може бре баланс со Грција, знаете ли која е Грција?“

0
531

Професорите и поранешни амбасадори Јован Донев и Нано Ружин во отвореното студио на ТВ Нова дискутираа за надворешната политика на Македонија под раководство на владата на СДСМ, за она што е направено досега и за она што се најавува дека следи – затворање на спорот околу името на Република Македонија.

Во дебатата се наметна прашањето за двојни аршини, односно за наметнување на туѓите интереси над македонските со употреба на сила. Професорот Донев беше против прифаќањето на ваквите аршини, додека Ружин ги бранеше ваквите случувања со изговор на евро-атлантските аспирации на Македонија.

За преименувањето на аеродромот во Солун во 1992 година од „Микра“ во „Македонија“, една година по прогласувањето независност на Република Македонија, Нано Ружин излезе со оправдување за Грците вели дека тоа го сториле бидејќи имале криза на идентитетот.

„И сега ние треба истото… да се тепаме, што сакате? Не може бре баланс со Грција, знаеш ли која е Грција? Грција е членка на НАТО, членка на ЕУ, точка. Лидершип на Балканот, точка“, вели Ружин, кој е поранешен пратеник на СДСМ.

Коментирај