Видео: Најбизарната трка во историјата: Натпреварувачката застана пред целта бидејќи…

0
652

На митингот во Лондон беше видена најбизарната трка во историјата на 3.000 метри за жени.

Имено, Ворку од Етиопија ја водеше трката кога неочекувано на половина круг до крајот реши да застане. Сите останати натпреварувачки потоа минаа низ целта, а таа остана без пласман.

Причината е навистина бизарна, бидејќи во моментот кога застанала, 19-годишната Ворку мислела дека ја минала целта.

На крајот победи Лилијан Касаит Ренгерук од Кенија, меѓутоа исходот ќе беше поинаков доколку Фанту Ворку на 200 метри пред целта не реши да ја заврши трката.

Извор: taratur.mk

Коментирај