(Видео) Наградата за најдобар татко сигурно нема да ја добие Брејди – Што ќе каже мама Жизел на оваа скандалозна снимка?

0
139

Познатиот НФЛ играч Том Брејди, на социјалните мрежи сподели скандалозно видео, во кое со неговата ќерка Вивијен, која ја доби од бракот со моделот Жизел, скокаат од карпа.

И тоа не би било толку невообичаена снимка, да не беше во прашање неверојатната висина за возрасни, а пак за едно дете!?

Тато Том Брејди го зема девојчето за рака и тргна да скока во водата …

brejdi1

… исплашеното и несигурно мало девојче не тргна на време, а таткото ја ‘повлекува’ зад него како предмет …

… за време на летот до водата, девојчето се врти и паѓа на грбот преку нејзиниот татко … а гледачите остануваат шокирани!

За среќа, сè заврши добро и девојчето од овој скок излезе без повреда, а скандалозната снимка на гордиот татко, Том, ја закачи на социјалните мрежи со коментар:

“Ако Виви сака еден ден да биде олимписки шампион, тоа сигурно нема да биде во синхронизирано пливање, но тато секогаш ќе и ‘даде чиста 10.”, напиша Том Брејди.

Снимката предизвика поделени мислења на социјалните мрежи, и додека на некои им беше симпатично, другите го осудија овој потег на несвесниот татко.

Коментирај