ВИДЕО: Над 10.000 струмичани порачаа дека се за силна Македонија! (Снимки од дрон)

0
471

Повеќе од 10.000 струмичани денеска се одзваа на повикот на ВМРО-ДПМНЕ и излегоа на протестен марш во нивниот град. Маршот низ струмичките улици го предводеше претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, и тесното раководство на партијата.

Со патриотски песни, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“ струмичани испратија јасна порака дека нема да ја погазат крвта на предците и дека иднината за своите поколенија ќе ја градат во Република Македонија.

Mickoski-protest-Strumica-2

Струмичани му покажаа на целиот свет дека Македонија ќе победи! А силата на Македонија е народот.

-Во оваа земја, газда на своето е овој народ. Македонците како и сите други граѓани се суштината, најважниот елемент од битисувањето на нашата земја, и никој не е над нив. Ниту еден политичар, ниту една друга сила.

Mickoski-protest-Strumica-1

Нашата победа ќе биде победа над сите порази донесени од оваа влада, нашата победа ќе биде победа над мачното секојдневие, над безизлезот, над украдената иднина и хаосот во кој се наоѓа нашата земја. Нашата победа ќе биде ваша победа за Македонија, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Струмица.

Коментирај