(Видео) Милан и Интер остануваат без стадион – Легендарниот Сан Сиро ќе се руши!

0
286

И официјално е потврдено, Милан и Интер направија заеднички проект за изградба на нов стадион, кој ќе биде еден од најмодерните во Европа.

Новиот стадион, кој ќе биде во заедничка сопственост на двата клуба, ќе биде изграден во непосредна близина на „Сан Сиро“, а би требало да биде готов за сезоната 2022/23.

Проектот е веќе одобрен од советот на општината во Милано, па се чекаше само зелено светло од раководството на Интер.

„Новиот стадион е приоритет за нашиот клуб, како и за Милан. Се согласивме со предлогот на Милан за заеднички стадион, бидејќи сметаме дека тоа е најдоброто решени“, изјавија директорите на Интер.

Новиот стадион ќе ги чини двата клуба 600.000 милиони евра, ќе биде со капацитет од нешто повеќе од 60.000 места и ќе започне да се гради веднаш до „Сан Сиро“, на местото каде што сега има паркинг.

Интересно, веднаш по изградбата на новиот стадион донесена е одлука „Сан Сиро“ да биде срушен, а на тоа место ќе биде изграден шопинг центар и клупски простории за двата клуба.

Стадионот во Милано ќе биде еден од најмодерните во Европа и во негов склоп ќе има магазини, ресторани како и музејски простории за двата клуба.

Милан и Интер играат на стадионот „Сан Сиро“ кој е во сопственост на општината и плаќаат кирија, па поради тоа имаат и мала заработка. Италијанските медиуми пренесуваат дека двата клуба годишно од стадионот заработуваат по околу 30 милиони евра, а проценките се дека со новиот стадион ќе заработуваат по 70 до 80 милиони евра.

Погледнете ја историјата на овој стадион…

Коментирај