(Видео) Милан гази кон врвот, нова победа за потврда на одличната форма

0
225

Уште една победа во серијата на Милан овојпат на гостувањето кај последнопласираниот Киево.

Милан славеше со 2-1, во 27.коло од Серија А, а стрелци на головите беа Биглија и Пјатек кој продолжи да ги тресе противничките мрежи.

„Росонерите“ поведоа со атрактивен гол од слободен удар на Билја во 31. минута, но само десет минути подоцна Хетемај израмни и го постави резултатот 1:1 на полувреме.

Решавачки момент беше една мешаница со повеќе удари во шеснаесетникот на Киево, по која Пјонтек го совлада Сорентино, а ВАР собата потврди дека се било регуларно.

Милан има 51 бод на третото место и побегна на четири бодови пред градскиот ривал Интер кој својот натпревар го игра утре, а Наполи има +5 бода.

Коментирај