ВИДЕО: Михаела ја победи короната им заблагодари на лекарите – „Сега пеам за сите пациенти кои се сè уште во болница“

0
293

Михаела Јаневска е млада девојка од нашата земја која се избори со КОВИД-19. Всушност таа е пациентката која во летот од Барселона за Скопје, патуваше со маска и ракавици и одвоена од другите патници, поради тоа што чувствувала симптоми на коронавирус, и веднаш се пријави на Инфективната клиника во Скопје.

Таа по доаѓањето во својот дом, излечена и среќна, сподели видео на социјалните мрежи, во кое го пее хитот „Stand by me“ со посвета на сите пациенти и медицински лица.

„Откако се изборив со коронавирусот и ја напуштив болницата со два негативни теста, се чувствувам како најсреќниот човек на светот. Многу сум среќна што сум конечно дома, бидејќи своеволно отидов директно од авион во болница. Големо благодарам до сите доктори и медицински сестри кои се грижеа за мене и продолжуваат да се грижат за сите останати. Денеска пеам за сите нив и за сите пациенти кои се сè уште во болница. Ова е за вас“ – напиша Михаела во описот на видеото кое го објави на Фејсбук.

Коментирај