(Видео) Меч на кариерата за Тричковски – Среде Софија сам го победи Левски со четири гола!

0
277

Репрезентативецот на Македонија, Иван Тричковски го одигра еден од најдобрите натпревари во кариерата.

Неговиот тим АЕК Ларнака нагости по победи Левски од Софија со 0-4, а Тричко ги постигна сите голови на натпреварот.

Македонецот царуваше на гостувањето во Софија, демолирајќи го домашниот состав и со четири гола трасирајќи го патот на АЕК кон следната квалификациска рунда од Лигата на Европа.

Тричковски и соиграчите во следното коло од квалификациите за ЛЕ ќе се сретнат со белгискиот претставник Гент.

Погледнете ја гол машината на Тричковски….

Коментирај