ВИДЕО: Матурска прослава – Трчаат голи и пијани и се сексаат по улици

0
169

Норвешките тинејџери крајот на средношколскиот период го слават на прилично бизарен и контроверзен начин, трчајќи голи и пијани и сексајќи се на јавни места.

А колку нивното однесување е излезено од контрола говори и фактот дека тамошното министерство за сообраќај иницираше акција„Не за сексот на кружните текови“, поради бројните изненадувања кои ги приредуваат матурантите за возачите зголемувајќи го на тој начин бројот на сообраќајни несреќи.

Ваквите ритуали, кои норвешките средношколци ги нарекуваат Russ, траат со недели и вклучуваат јаки журки и огромни количества на алкохол, а на крајот завршуваат со секс во близина на градските сообраќајници.

Десетици сообраќајки секоја година редовно се случуваат поради аздисот на младите тинејџери, а веќе неколку пати ваквото однесување резултираше и со смртни случаи на тинејџери, пренесува Ројтерс.

Коментирај