ВИДЕО: Македонец од Кралскиот универзитетски колеџ со рецепт за победа против коронавирусот

0
609

Професорот Гоце Андревски кој предава и стратешки менаџмент на Кралскиот универзитет во државата Онтарио во Канада со анализа на мерките кои можат да доведат до успех во битката против Коронавирусот во Македонија.

Анализата на професорот Андревски е направена врз основа на чекорите и плановите што ги преземаат американските и канадските власти.

Андревски антиципира отворање на американската и другите силни економии во моментот кога ќе се зголеми здравствениот капацитет на секоја држава. Според него затварањето на економијата и умртвување на бизнисот и потрошувачката нема да донесе резултат.

Своите ставови кои се дијаметрално спротивни на македонската влада Андревски ги образложи во вчерашното издание на емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа со новинарската водителска двојка, Горан Момироски и Драган Милосављевич.

Извор: Експрес.мк / Видео: ТВ Алфа (Јутјуб)

Коментирај