ВИДЕО: Мајмунче навлечено на алкохол yбило еден човек и повредило 250 луѓе

0
465

Неверојатен случај на убиство ја шокира индиската држава Утар Прадеш, кога во градот Мирзапур, мајмун yби еден човек во напад на бес и повреди дури 250.

Мајмунот Калуа бил миленик на окултист кој го направил зависник од алкохол и му давал жестоки пијалоци. Кога починал, Калуа престанал да пие алкохол и почнал да ги напаѓа минувачите на улиците во напад на зависничка криза.

Најмногу ги напаѓал жените и децата, а десетици деца ќе треба да се подложат на пластична операција затоа што мајмунот им ги раскинал лицата со неговите канџи.

Мајмунот убиец, во меѓувреме, бил фатен и сместен во зоолошката градина Канпур, каде ќе го помине остатокот од животот во заробеништво.

Зоолозите го испитувале Калуа и откриле дека, покрај тоа што бил алкохоличар, одбивал да јаде зеленчук. Научниците веруваат дека окултистистот го хранел со мајмунско месо, што може да биде уште една причина зошто мајмунот имал толкав бес и напаѓал луѓе со толкава жестина.

Забележале и дека мајмунот има тенденција да ги напаѓа женските чувари во Зоолошката градина и дека напаѓа други мајмуни ако се најде во ист кафез со нив.

Коментирај