ВИДЕО: Мајами незапирлив – го оствари дванаесеттиот триумф во низа

0
680

Екипата од Флорида ја продолжи победничката серија која трае 12 натпревари, откако ноќеска Мајами триумфираше на гостувањето кај Милвоки.

Успешен беше и шампионот Кливленд, кој и покрај негативата од 15 поени на крајот запиша победа над Индијана во најефикасниот дуел.

До 40. победа оваа сезона стигна Сан Антонио предводен од Каваи Ленард кој реализира 32 поени на гостувањето кај Филаделфија.

Видео од најдобрите моменти на натпреварот:

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта меѓу среда и четврток:

Индијана – Кливленд 117:132,
Филаделфија – Сан Антонио 103:111,
Атланта – Денвер 117:106,
Бруклин – Вашингтон 110:114 (по продолжение),
Детриот – ЛА Лејкерс 121:102,
Мемфис – Феникс 110:91,
Милвоки – Мајами 88:106,
Минесота – Торонто 112:109,
Њу Орлеанс – Јута 94:127,
Њујорк – ЛА Клиперс 115:119,
Голден Стејт – Чикаго 123:92,
Сакраменто – Бостон 108:92.

Пласман Западна конференција:
Голден Стејт 44-8 (победи-порази),
Сан Антонио 40-12,
Хјустон 38-17,
Јута 34-19,
ЛА Клиперс 32-21,
Мемфис 33-22,
Оклахома Сити 30-23,
Денвер 23-29,…

Пласман Источна конференција:
Кливленд 36-15 (победи-порази),
Бостон 33-19,
Вашингтон 31-21,
Торонто 32-22,
Атланта 31-22,
Индијана 29-23,
Чикаго 26-27,
Детроит 25-28,…

Коментирај