(Видео) Лино Червар збесна по ремито со Србија!

0
233

Многу изненадувачки резултати се случија овие денови во рамките на квалификациите за пласман на ЕП во ракомет 2020 година.

Сепак најинтересно беше во Белград, а се сретнаа вечните ривали Србија и Хрватска.

Во драматичен меч Србија пропушти голема шанса да го совлада својот најголем ривал и голем фаворит Хрватска одигрувајќи 25:25.

Србија имаше два гола предност на 15 минути пред крајот и одлична шанса да дојде од +3, меѓутоа коцкеските се вратија и поведоа со 24:23. Вања Илиќ со два брзи гола направи пресврт за 25:24, но Домагој Дувњак успеа да израмни во следниот напад.

Во финишот, Србите имаа и напад за победа, но Марсениќ не можеше да погоди од девет метри.

Хрватите имаат две победи и едно реми во три меча. Двете репрезентации се среќаваат повторно в недела (20:00 часот) во Задар.

Изнендување направија црногорците, унгарците и португалците. Црна Гора го победи светскиот шампион Данска со 32-31, Унгарија ја изненади Русија со 19-25 нагости, а Португалија ја победи Франција со 33-27.

Погледнете ја реакцијата на Червар….

Коментирај