ВИДЕО: Ликвидиран шеф на руската мафија – чекале да излезе од затвор, па го убиле на прославата

0
1071

Осомничен шеф на руската мафија бил убиен на забава каде што го славел неговото излегување од затвор, јавува Дејли Мејл. 39-годишниот Александар Жестоков е убиен откако убиецот застанал позади него, додека тој зборувал со своите пријатели и отворил оган од голема близина.

Шефорт на сибирската мафија паднал на подот, а починал речиси во истиот момент. Убиството се случило во петокот некаде околу полноќ.

Жестоков – за кого се зборува дека е лидер на Запсибовската мафија приредил забава во барот Џамбул во индустрискиот град Новокузнец, југозападен Сибир.

На видео-снимката Жестоков зборува со своите пријатели, а потоа вооружен маж му се приближува, облечен во црно, со качулка и темни очила, кој носел пиштол со голем пригушувач.

Коментирај