(Видео) Летечкиот Винс Картер e бесмртен во НБА – Со 43 години ќе ја игра 22 сезона и не оди во пензија!

0
274

Еден од најдобрите забивачи во целата историја на НБА, Винс Картер сè уште не е подготвен да каже крај и збогум од играњето кошарка.

42-годишниот бек премина во Атланта Хоукс пред почетокот на сезоната и продолжува да изненадува со настапот и целокупната физичка форма, а сега проговори и за можноста да остане на паркетот уште една сезона.

– Мислам дека можам да играм уште една сезона. Обично на крајот од секоја сезона ја анализирам ситуацијата и како се чувствувам. Се разбира, сè е во рамките на можностите, а кога тимовите сè уште се заинтересирни, тоа е добро. Јас лично мислам дека можам да дадам уште една година на играта. Ќе видиме што ќе се случи, изјави Картер за ЕСПН.

На прашање на колку години сака да се откаже, тој одговори: „43″.

Коментирај