ВИДЕО: Лемурите во скопската Зоо прогнозираа кој ќе биде светски шампион

0
231

Лемурите во скопската Зоолошка градина се приклучија кон низата разни животни прогнозери за Светското првенство.

Лемурите избраа една од двете кутии со храна оставени во нивното живеалиште, а на кои се поставени и знамињата на финалистите во Мундијалот, Франција и Хрватска.

Прогнозата на лемурите од скопската Зоо беше јасна, Хрватска нов светски фудбалски шампион.

Останува до недела да видиме дали нивната прогноза ќе испадне точна.

Коментирај