ВИДЕО: Лејкерс пресилни за Филаделфија, неверојатна партија на Леверт за Бруклин

0
167

Лос Анџелес лејкерс стигнаа до својата девета победа на последните десет натпревари во НБА-лигата, откако утринава со 120-107 ја совладаа Филаделфија во „Стејплс центарот“.

Тандемот на домаќините, Ентони Дејвис и Леброн Џејмс искомбинира 59 поени. Дејвис запиша 37 поени и 13 скока, додека Џејмс имаше 22 поени и дури 14 асистенции. Кај гостите од Филаделфија, кои беа без Жоел Ембид и Бен Симонс најмногу се истакна Глен Робинсон со 25 поени.

Натпревар на кариерата утринава одигра Карис Леверт постигнувајќи 51 поен во победата на Бруклин од 129-120 по едно продолжение на гостувањето кај Бостон. Интересно е тоа што Леверт до завршувањето на третиот период имаше постигнато само 14 поени, но „полуде“ во последната четвртина и продолжението. Тој постигна 37 поени, што е повеќе од целиот тим на Бостон (36) за овој период.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ
Шарлот – Сан Антонио 103-104
Њу Орлеанс – Минесота 134-139
Денвер – Голден Стејт 100-116
Феникс – Торонто 114-123
Сакраменто – Вашингтон 133-126

Коментирај