ВИДЕО: Комити не забораваат, стоечки овации за Карачиќ – Стоилов му подари дрес „Кара фала ти за сѐ“

0
1744

Уште еден ракометар од златната генерација на Вардар се најде на спротивната страна на теренот во СЦ „Јане Сандански“.

Игор Карачиќ по седум години минати во дресот на македонскиот првак денеска за првпат ќе игра против своите другари, денеска за првпат пеколната атмосфера во Скопје поинаку ќе ја почувствува. Но, како што е редот пред стартот на дуелот со Келце, фановите со овации го поздравија својот миленик.

Karacic-Komiti

Навивачите му одадоа почит на ракометарот кој го остави срцето на теренот, играчот кој плачеше во тешките моменти, играчот кој Македонија и Скопје ги нарече свој втор дом.

Столе му подари дрес на кој пишуваше: Кара фала ти за сѐ!

Коментирај