(ВИДЕО) „Командант Вентили“ жали што не се изразил доволно јасно

0
627

Министерот за животна средина Садула Дураки, познат како командант „Вентили“ по критиките на јавноста дека премалку средства од државниот буџет се издвоени за справување со аерозагадувањето, изјави дека Македонија не е Швајцарија и дека тој не се бави со граѓаните.

-Знате вие дека ние сме Македонија, а не Швајцарија. Сега почнавме, еден чекор е направен и тоа – изјави министерот Садула Дураки за „Сител“ и додаде дека тој не се бавел со граѓаните, граѓаните можеле да се тужат.
Откако оваа изјава предизвика критики во јавноста, министерството се огласи, дека министерот изразил жалење што не бил јасен.
– Владата постои за да ги остварува своите стратешки приоритети, да ги решава проблемите и да го подобрува живеењето на граѓаните.

Во таа насока, Владата ја дефинираше борбата со аерозагадувањето за свој стратешки приоритет.

Министерот Дураки во својата изјава за медиумите ја потенцираше Програмата за справување со аерозагадувањето и укажа дека граѓаните имаат право да преземаат свои дејствија.

Министерот изразува жалење за тоа што не се изразил доволно јасно и што тоа предизвика реакции во јавноста.– стои во соопштението на Министерство за животна средина.

Еве што изјави вчера Дураки.

Извор:Лидер.мк

Коментирај