ВИДЕО: Која е разликата? Муса си поднесе оставка, Заев е премиер

0
195

Асим Муса заменик-министерот за здравство бил вмешан во корупциски скандал при што и е фатен на дело, а тој денеска си поднесе оставка.

Муса рече дека е убеден во својата правда, кога ја извести јавноста дека се повлекува од функцијата.

-Со чест и посветеност сум ја вршел својата функција, мојот искрен обид да им помогнам се претвори во стапица. Ги информирам дека тие се странски државјани, треба да платат приватно и им кажувам колку треба да платат. Секој пациент и соработник знаел дека ова е стапица што сака да ми наштети. Нема да дозволам мојот интегритет да биде нарушен преку ваква стапица преку бомбастични и нереални наслови – рече Муса.

Но уште еден голем скандал ја тресеше македонската јавност изминатите години откако се појави снимка со сегашниот премиер, а поранешен градоначалник на Општина Струмица Зоран Заев, а беше отворен и случај од обвинителството именуван како „Поткуп“.

На Јутјуб се појави видео објавено од непознат корисник на кое се слуша разговор меѓу градоначалникот на Струмица Зоран Заев и еден локален бизнисмен. На видеото се слуша како наводно Заев бара одредена сума пари за средување на работите околу некоја локација на територијата на општината.

Подоцна премиерот Зоран Заев беше ослободен од обвинение за случајот „Поткуп“, а тој не понесе никаква одговорност.

Неодамна уште една афера ја тресеше Македонија, откако премиерот Заев во телефонски разговор со руски пранкери мислејќи дека разговара со поранешниот украински претседател Петро Порошенко рече дека би дал пари во кеш на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалност на МПЦ-ОА.

Во разговорот лажниот Порошенко односно руските шегаџии го советуваат Заев да му даде пари односно поткуп на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалност на МПЦ-ОА.

Скандалозниот дел може да се слушне во 46 минута, каде Заев во крајниот разговор договара мито за Вартоломеј. Лажниот Порошенко кој му се јавува му вика на Заев “јас го решив проблемот со украинската црква, ама му дадов донација на Вартоломеј од 100 илјади евра и тоа кеш”.

На ова, Заев вика да да тоа е многу нормално, дека тоа не е проблем за нас, односно “во ред е ќе го направиме тоа во кеш”.

„Порошенко“ на Заев му вели дека МПЦ има „одлични шанси“ за добивање на статус на независна црква за што наводно е согласен и Вартоломеј.

„Меѓутоа, морам да ви соопштам дека има еден услoв во мојот случај. Јас yплaтив пари лично на Вартоломеј“, му вели на Заев лажниот Порошенко кој тврди дека платил 100 илјади евра за автокефалност на Украинската црква и нуди помош и цена со попуст за МПЦ.

На ова Заев според објавеното видео вели дека тие пари не се проблем.

Коментирај