ВИДЕО: Кога Панчев влезе како горд Македонец и со два погодоци сам ги „реши“ Грците среде Атина!

0
717

Многумина од вас сигурно ја знаат приказната за Дарко Панчев, а ние сега во недостаток на спорт ќе ве потсетиме на истата. Воедно ова е прилика за некој што не ја знае да слушне како Панчев беше херој за Ѕвездата среде Атина.

Тоа беше натпревар од европскиот куп на шампиони (денешна Лига на шампиони), Панчев со Црвена Звезда гостуваше во Атина кај Панатинаикос.

Панчев на граница не сакал да потпише никаков документ и порачал дека ќе влезе како Македонец или воопшто нема да влезе. На крајот Грците морале да попуштат бидејќи во натпревар од УЕФА не смеаа да прават никакви скандали.

Како што раскажува Панчев во едно свое гостување од поодамна во емисијата „Еден на Еден“ кога стигнале таму требало тој и уште неколу играчи требало да дадат изјави за новинарите, меѓутоа Панчев не сакал да зборува со нив затоа што тој за нив не постои. Тоа секако ги заболело.

Во продолжение погледнете го 17-минутното видео со најдобрите моменти од натпреварот од 4 март 1992 година во кој југословенскиот тим Црвена Звезда гостуваше кај Панатинаикос во Атина.

Меѓу добрите акции и пропуштените шанси во видеото секако се опфатени и двата гола, односно мајсториите на гордиот Македонец Дарко Панчев, кој прво во 69.митута, а потоа и во 86.митута, сам ги реши Грците среде Атина, со што, како што рече и самиот коментатор на натпреварот „им одговори на сите провокации што му се случија“:


Извор: Спортски.мк / Јавно.мк

Коментирај