Видео кое ќе ве однесе на прекрасно патување во Малта

0
1201

Малата фасцинантната островска држава сместена во центарот на Медитеранот, веднаш ќе ве освои со својата безвременска убавина. Малта претставува една од најинтересните дестинации бидејќи важи за место со мистично, средновековно минато. Нејзината преубава престолнина Ла Валета е град-тврдина во кој се крие целата историја од крстоносните војни,  голем број преубави палати и цркви. Благодарение на благата клима, убавите плажи со чисто и бистро море, како и богатата историја, Малта претставува магнет за туристите. Во ова видео ќе ги видите многубројните контрасти на овој остров, познатите малтешки чамци, катедралата Св. Јован Крстител во Валета… Потоа ќе ги видите величенствените карпи на соседниот див остров Гозо…
Уживајте во видеото!

 

Коментирај