(Видео) Киргиос со нови шокантни испади во Синсинати – Австралиецот комплетно полуде!

0
172

Ник Киргиос од Австралија тотално полуде во Синсинати на мечот против Качанов во 2.коло од мастерс 1000 турнирот во САД.

Тој одново го покажа своето лошо лице и издание што не му доликува на еден професионален тенисер.

Неговото однесување го натера судијата неколку пати да реагира, да го казнува со поени, а тој му враќаше со зборовите дека е најлош судија во историјата на тенисот притоа кршејќи и два рекети во тунелот во паузата за одење во тоалет помеѓу два сета.

Го доби првиот сет со 7-6, а потоа во следните два русинот беше подобар и се пласираше во осминафиналето.

Најмногу се налути за инсистирањето на судијата да побрза со својот сервис, по што го посочи Надал кој е познат по спората подготовка, но никогаш не добива казни.

„Дали Рафа игра толку брзо? Најди ми снимка каде што Рафа игра толку бргу и никогаш нема да ја отворам устата“ го праша тој судијата.

Поздрав на крајот немаше, а дури во еден момент Киргиос плукна кон судијата.

Погледнете ги лудориите на Киргиос….

Коментирај