(Видео) Камиказата Сато: За дел од секундата ќе направеше трагедија при влегување во бокс!

0
189

За време на трката IndyCar во Тексас, за влакно беше избегната трагедија.

Поранешниот возач на Формула 1, Такума Сато, со болидот го удри механичарот на сопствениот тим Крис Велч, кој мина без сериозни последици.

Видеото снимено изгледа многу посериозно од она што лекарите заклучија кога го испитале Велч и откриле дека има само модринки.

Освен што заработи неколку модрици, механичарот беше во шок, но брзо дојде при себе.

Сато со преголема брзина влезе во боксот и одеше премногу блиску до оградата, па затоа не можеше да избега од Велч кој го удри во нозете и го фрли во воздух…

Коментирај