(Видео) Какво шоу на Новак на пресот – Новинарот му постави прашање, а тој прсна од смеење!

0
246

Многу интересна сцена се случи на конференцијата за новинари на Новак во Монте Карло.

Расположениот српски тенисер трпеливо одговараше на новинарските прашања, а кога дојде време прашање да постави искусниот италијански новинар Убалдо Скангато, Новак не можеше да се воздржи од интересниот акцент на италијанецот.

Новак повторно се нашали со Италијанецот и предизвика смеа во салата…

Урнебесната сцена можете да ја видите од 9:02 минута….

За потсетување, по финалето на Австралија опен, Новак со Убалдо направи исто така шоу на прес-конференцијата. Целата сала се газеше од смеење кога србинот почна да го имитира италијанскиот новинар.

Убалдо Скангато има 69 години и цели четири децении известува од големите тениски турнири.

Гренслемовите никогаш не ги пропушта, бил досега на 145.

Коментирај