(Видео) Каков пораз на НБА шампионот, Бостон ги уништи на нивни терен!

0
141

Шампионот на НБА, Голден Стејт доживеа тежок домашен пораз од Бостон со 95:128 во меч од регуларниот дел од сезоната во НБА.

Бостон влезе во натпреварот по пет порази во последните шест натпревари, но одигра многу силни први два дела, во кои поведе убедливо и до крајот затвори натпреварот со 33 поени разлика.

Гордон Хејворд нанижа 30 поени, а Кајри Ирвинг додаде 19 поени и 11 асистенции за успехот на Селтикс.

Стеф Кари се истакна со 23 поени за Голден Стејт, а Кевин Дурант додаде 18 поени за домаќините.

Коментирај