(Видео) Каков нокаут на Стипе! – Хрватот си го врати појасот во УФЦ!

0
397

Стипе Миочиќ е повторно шампион на УФЦ во тешка категорија.

Тој синоќа на УФЦ 241 го победи Даниел Кормиер со нокаут во четвртата рунда.

По три рунди борба не изгледаше добро за Миочиќ. Кормиер беше доминантен и имаше предност кај судиите.

Меѓутоа целосен пресврт Стипе направи во четвртата рунда. Тргна да го удира противникот во тело, Кормиер потоа се отвори и во тој момент следуваше нокаут со кој Миочиќ дојде до победа и враќање на шампионскиот појас во тешка категорија.

Стипе Миочиќ по повеќе од една година повторно си ја врати загубената титула.

Погледнете ја целата борба…

Коментирај